За нас

Високо професионален, динамичен, креативен и тим со богато практично искуство и ентузијазам чија примарна цел е преку тимска работа и координација да ги застапува интересите на своите клиенти, кои колку и да се различни, сепак ја имаат истата основна потреба – потребата за сериозно и професионално правно застапување.

Услуги

Нудиме широк спектар на правни услуги. Ако Ви треба дополнителни информации, Ве молиме не двоумете се да контактирате со нас.

Како тим кој поседува многугодишно практично искуство и високи професионални квалификации, обезбедуваме широк спектар на правни услуги од различни области на правото кои вклучуваат како услуги поврзани со пристап до институции и информации, така и услуги поврзани со правно застапување и претставување на клиентите и нивните интереси.

Услуги кои ги обезбедуваме во рамките на нашето работење по правни области:

Области на делување:

Граѓанско право

Вонпарнично право

Извршно право

Стопанско и корпоративно право

Кривично право

Управно право

Административно-правно делување

Граѓанско право

Специјалноста во полето на граѓанското право се однесеува пред се на:
  • Заштита и застапување на домашни и странски правни и физички лица во граѓански спорови пред судовите во Р.Македонија,
  • Изготвување на секаков вид на правни акти: поднесоци, приговори, тужби, редовни правни лекови како и вонредни правни лекови,
  • Правни совети,
  • Семејно право:
    • Изготвување на потребна документација,
    • Застапување и водење на постапка за развод на брак,
    • Спогодби за развод на брак со спогодбено уредување на односите помеѓу брачните другари,
    • Спогодби за чување и воспитување на малолетни деца при постапки за развод на брак,
    • Застапување во постапки во спорови за доверување на деца на чување и воспитување,
    • Заштита на правото на издржување,
    • Судски постапки за определување, зголемување-намалување на издршка,
    • Застапувања во имотните односи на родители и деца.
  • Наследно право:
    • Застапувања и заштита на правото на наследување,
    • Застапувања и заштита на заедничка сопственост на наследничка заедница,
    • Застапување во предмети за поништување на изјава за откажување од наследство,
    • Застапување во предмети за барање на право на оставина со тужба.
  • Сопственички и имотно-правни односи:
    • Застапување при уредување на односите помеѓу соседите како сопственици на недвижности и заштита на соседското право,
    • Застапувања и заштита на сосопственички односи,
    • Застапувања и заштита кај заедничката сопственост,
    • Заштита на правата на имот стекнат во брак,
    • Заштита на правата на имот стекнат во вонбрачна заедница,
    • Застапувања и заштита на етажната сопственост,
    • Застапувања и заштита на стекнување на право на сопственост,
    • Застапување во утврдување на право на сопственост,
    • Застапување во спорови поради вознемирување на сопственоста,
    • Заштита на правото на сопственост и заедничка сопственост,
    • Деклараторни и излачни тужби,
    • Заштита на владение,
    • Утврдување на право на владение, смеќавање или одземање,
    • Заштита на право на службености (стварни и лични),
    • Заштита на правото на залог на подвижни и недвижни ствари,
    • Застапување во постапки на засновање, спорење и утврдување на правото на залог,
    • Застапување во постапки на експропријација.
  • Облигациони односи:
    • Засатпувања во спорови за надомест на материјална и нематеријална штета,
    • Застапување во спорови за утврдување на ништовност на договори,
    • Застапување во спорови за поништување на договори,
    • Застапување во спорови за неисполнување на договори,
    • Застапување во спорови за раскинување на договори поради променети околности,
    • Застапување во спорови и водење соодветни постапки за лихварски договори,
    • Застапување во предмети за стекнување без основа и враќање на стекнатото без основ,
    • Застапување во предмети за наплата на долг.
  • Работни односи:
    • Застапување и заштита на правата од работен однос,
    • Застапување во предмети за утврдување и спорење на права од работен однос,
    • Застапување во предмети за исплата на плати и други надоместоци од работен однос,
    • Застапување во предмети за враќање на работник на работа,
    • Застапување во постапки за отпуштање на работник од работа со и без отказен рок,
    • Застапување во постапки за откажување на договорот за вработување од страна на работникот и работодавачот,
    • Застапување во постапки за заштита при работа,
    • Застапување во постапки за надомест на штета.

Вонпарнично право

Специјалноста во полето на вонпарничното право се однесеува пред се на:
  • Постапки за лишување од деловна способност и прогласување на лица за деловно способни;
  • Постапки за задржување во здравствена организација за лекување на душевно болни;
  • Постапки за прогласување на исчезнато лице за умрено и докажување на смрт;
  • Постапки за давање на дозволи за склучување на брак;
  • Постапки за лишување од вршење на родителски права;
  • Постапки за продолжување на родителски права и должности по полнолетство;
  • Привремени мерки за обезбедување на оставината;
  • Уредување на начинот на управување и користење на заеднички предмети;
  • Уредување на односите меѓу етажните сопственици;
  • Делба на заеднички предмети или имот;
  • Уредување на меѓи;
  • Постапка за определување на надоместок за експроприрана надлежност;
  • Постапка за составување и потврдување на исправи-составување на судски тестамент, составување на други исправи, потврдување на исправи;
  • Изготвување на Договор за доживотна издршка и спроведување на постапка за заверка на валидноста на истиот;
  • Поништување и чување на исправи;
  • Постапка по судски депозит.

Извршно право

Специјалноста во полето на извршното право се однесеува пред се на:
  • Изготвување и поведување на постапка по предлог за извршување;
  • Спроведување на извршување;
  • Постапки по приговор и жалба од должникот против решението за извршување;
  • Постапки по приговор од трето лице против решението за извршување;
  • Постапки по противизвршување;
  • Одлагање и запирање на извршување;
  • Застапување во постапки по извршување за наплата на парично побарување-извршување врз подвижни предмети;
  • Застапување во постапки по извршување за наплата на парично побарување-извршување врз парично побарување на должникот;
  • Застапување во постапки по извршување врз плата и други парични примања и извршувања по сметка во банка;
  • Застапување во постапки по извршување врз хартии од вредност;
  • Застапување во постапки по извршување врз побарување да се предадат или испорачаат подвижни предмети или да се предаде недвижност;
  • Застапување во постапки по извршување за наплата на парично побарување-извршување врз недвижност;
  • Застапување во постапки по извршување врз имотот на правни лица, заради наплата на парично побарување;
  • Застапување во постапки по извршување заради остварување на непарично побарување, предавање и испорака на подвижни предмети и испразнување и предавање на недвижност;
  • Застапување во постапки по извршување на обврска на дејствие, трпење или несторување;
  • Застапување во постапки по извршување за враќање на работник на работа;
  • Застапување во постапки по извршување на запишување на право на јавна книга, делба на предмети и давање на изјава на волја;

Стопанско и корпоративно право

Специјалноста во полето на стопанското право се однесеува пред се на:
  • Постојано и комплетно застапување и правна помош на производствени и трговски друштва, институти и друштва од земјата и од странство,
  • Застапување на правни лица пред судовите во Република Македонија,
  • Застапување, советување и овозможување на целосна поддршка во деловното работење на странски инвеститори и домашни фирми,
  • Застапување на правни лица во постапки за наплата на долгови, произлезени од деловното работење на друштвата,
  • Застапување пред министерства, општини, државни органи, институции, јавни установи и други органи на управата,
  • Општи консултации и совети во областите на работа на друштвото,
  • Анализа на закони и прописи за потребите на клиентите,
  • Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за клиентите,
  • Длабинска правна анализа,
  • Правен консалтинг, правен дуе дилигенце за странските инвеститори во Р.М., можности за инвестирање,
  • Консултации и советувања во сите правни области кои се предмет на работа на друштвата,
  • Застапување и водење на постапки за регистрација на основање на домашни, странски и мешовити правни лица,
  • Застапување и водење на постапки за упис на промени кај домашните, странските и мешовитите правни лица:
  • Поделби на правните лица,
  • Спојување на правни лица,
  • Промени на управител, назив, деловно седиште,
  • Истапување и пристапување на основачи,
  • Зголемување/намалување на основната главнина,
  • Застапување и водење на постапки за регистрација на основање на Јавни претпријатија,
  • Застапување и водење на постапки за упис на промени кај Јавните претпријатија,
  • Застапување и водење на постапки за регистрација на основање и секакви промени на Здравствени установи, Агенции за посредување при вработување во земјата и во странство со надомест, Занаетчии и останати самостојни вршители на дејност,
  • Застапување и водење на постапки за упис на друштва со учество на државата,
  • Застапување во постапки по жалби на упис на основања и промени кај правните лица,
  • Посредување, преговори, застапување и покренување на постапки за превземање на правни лица,
  • Консултантски услуги,
  • Застапување на правни лица пред инспекциските органи,
  • Составување на внатрешни акти за друштвата,
  • Ликвидација на друштва,
  • Застапување во стечајни постапки,
  • Застапувања во постапки за јавни лицитации,
  • Изготвување на секаков вид Договори од сите области кои се предмет на работа на друштвата,

Кривично право

Специјалноста во полето на кривичното право се однесува пред се на:
  • Пружање правна заштита и застапување во истражни постапки пред судовите во Р.Македонија;
  • Пружање правна заштита и застапување во кривични постапки-претреси за сите кривични дела, пред судовите во Р.Македонија;
  • Пружање правна заштита и застапување во постапки за условен отпуст, амнестија, помилување, како и постапки за изрекување на единствена казна на осудените лица во Р.Македонија;
  • Водење на постапки за бришење на осуда, односно за престанување на мерките на безбедност и на правните последици од осудата;
  • Водење на постапки за надомест на штета, рехабилитација и за остварување на другите права на лица неоправдано осудени и неоснов но лишени од слобода;
  • Изготвување на секаков вид на правни акти: поднесоци, молби, барања, приговори, тужби, редовни правни лекови како и вонредни правни лекови;
  • Пружање правна заштита и застапување во прекршочни постапки;
  • Правни совети.

Управно право

Специјалноста во полето на управното право се однесеува пред се на:
  • Поведување на управна постапка и доставување на барања според Законот за општа управна постапка:
  • Вадење на секаков вид на дозволи, одобренија, уверенија, согласности, концесии и лиценци;
  • Остварување на права пред државните органи, институции, јавни установи, општини и други органи на управата;
  • Застапување и заштита на барањата на клиентите во управна постапка до донесување на решение;
  • Застапување и заштита на клиентите по поднесена жалба во управна постапка и нејзино изготвување, како пред првостепениот орган, така и пред соодветната комисија која одлучува во втор степен;
  • Застапување и заштита на клиентите по постапки за враќање во поранешна состојба;
  • Застапување и заштита на клиентите по постапки за обнова на постапката;
  • Застапување и заштита на клиентите по постапки за повторување на постапката;
  • Застапување и заштита на клиентите по постапки менување и поништување на решение во врска со управен спор;
  • Застапување и заштита на клиентите по постапки за поништување и укинување на решение по правото на надзор;
  • Застапување и заштита на клиентите по постапки за вонредно укинување на решение и огласување на решение за ништовно;
  • Поведување на постапки за утврдување на ништовност на решение;
  • Поведување и застапување во постапки на Управни спорови;
  • Повторување на постапка во управен спор;
  • Постапки по жалба и барање за заштита на законитоста во управен спор;
  • Застапување во постапки за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот според Законот за управни спорови.

Административно-правно делување

Специјалноста во полето на административно-правното делување се однесеува пред се на:
  • Засновање на работни односи;
  • Пријава на работници пред Фондот за здравствено осигурување;
  • Изготвување на внатрешни акти на правните лица;
  • Изготвување на секаков вид на договори;
  • Изготвување на секаков вид на молби и барања;
  • Спроведување на упис на сопственост:
    • Пред комисија за утврдување на данок на промет;
    • Пред соодветното одделение за катастар за недвижности;
  • Добивање на Имотни листови;
  • Добивање на Уверенија за движење на имот;
  • Добивање на уверенија за неосудуваност;
  • Добивање на потврди дека фирмата не е во стечај;
  • Добивање на потврди дека имотот не е под хипотека;
  • Добивање на бонитет за фирми;
  • Добивање на уверенија дека фирмата ги има намирено сите обврски према државата;
  • Добивање на потврди за солвентност за потребите на фирмите;
  • Добивање на дозволи за увоз на стоки;
  • Добивање на концесии;
  • Добивање на дозволи за меѓународен транспорт на стоки (ЦЕМТ);
  • Упис на заложно право во Заложен регистар;
  • Консултантски услуги.

Контакт

Ви благодариме на посетата. Слободно контактирајте не во секое време.

Контакт информации

Адвокатска канцеларија РИСТОСКИ
ул. Дервиш Цара влез 1 бр 4
Тетово 1200
Република Македонија

Тел: +38944345550;
Моб: +38970389848

Оставете коментар или поставете прашање

Ќе ве контактираме најбрзо што можеме. Маркираните полиња со * се задолжителни.