Љупчо Ристоски е роден во Тетово на 12 Мај 1985 година. Основно и средно образование завршил во Тетово, додека дипломирал во 2010 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, отсек правни студии.
Во Адвокатската канцеларија РИСТОСКИ работи како волонтер од мај до август 2009 година и тоа административна работа и запознавање со правничката работа од областа на кривичната и граѓанската материја (парнична, вонпарнична постапка и трговски спорови), додека од Јули 2010 година работи како адвокатски приправник заклучно со Септември 2013 година. Во Јуни 2013 година положи правосуден испит пред Испитната комисија за полагање на правосуден испит при Министерството за правда во Скопје и од Октомври 2013 година работи како адвокат во адвокатската канцеларија. Во 2003/2004 година зема активно учество во проектот Дебата - развивање на јавно говорење (реторика), тимска работа, логика, аргументирано презентирање на ставови, решавање на проблеми организиран од страна на Младински образовен форум, како и во проектот Учиме право - промоција на концептите на правда и владеење на правото, како основни демократски принципи; заштита и промоција на студентските интереси и права исто така проект организиран од страна на Младински образовен форум.Во 2005 година зема активно учество во Зимскиот Универзитет Македонија oдржан на Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. Во 2006 година учествува на Меѓународна конференција ,,25 години дискриминационо право, заштита и правни методи против дискриминација” организирано од страна на невладината организација ELSA. Покрај македонскиот јазик течно зборува и англиски јазик (две годишна волонтерска работа во САД во 2007 и 2008 година), а поседува и основни познавања на албанскиот јазик и францускиот јазик, додека за јазиците на балканските земји поседува одлчни познавања.Располага со одлични компјутерски вештини, особено на: MS Office,Windows,Macintosh,Internet,Corel Draw и Corel Photo Paint. Се работи за личност со изразени истражувачки способности, способност за креативна работа и пишување, способност за работа во мултиетничка средина, за работа под притисок, позитивна личност, комуникативна, одговорна, лојална.